Во денешницава факт е дека доминираат екраните. Веројатно и ти или работиш или поминуваш многу време пред екран. Дали се имаш запрашано што тоа значи за твоите очи? Дали имаш отидено на проверка на видот?
Од разговорот со офталмологот Тодор Јаковлевски ќе дознаеш за симптомите на нарушувањата на видот, особено од синдромот на компјутерско око. Ќе научиш како најдобро да ги одмараш очите и кои мерки можеш да ги превземеш за да спречиш понатамошни поголеми проблеми.
Епизодава е полна со одлични совети за зачувување на добриот вид. Слушни ја за да можеш да ги примениш.
Интересни моменти:
[05:22] Колку екраните навистина ги расипуваат очите?
[09:33] Поврзаноста на трепкањето со синдромот на суво око
[12:18] Солзите и добриот вид
[15:58] Капки за очи (вештачки солзи) - препораки
[18:57] Синдром на компјутерско око: симптоми и статистика
[23:49] Олеснување на симптомите на computer vision синдромот: правилото 20-20-20
[27:39] Исклучување плава светлина на телефонот – зошто е корисно?
[30:41] За очилата со филтер за плава светлина
[32:10] Исхраната и видната острина (намирници што се добри за очното здравје)
[36:37] Дали гледањето во екран во темна просторија е проблем? Каков контраст е погоден за очите?
[38:20] Што се добри услови за читање?
[39:54] Дали одблесок на екранот / рефлектирачки екран штети на очите?
[42:20] Гурелки во очите – симптом за ...
[44:35] Алергиски реакции и очите – како да си помогнам?
[46:48] Важноста на прегледите кај офталмолог за навремено откривање на очни аномалии
[49:52] Дали физичка активност може да направи штета на очите?
[53:32] Колку често треба да се проверува видот?
[55:41] Очен притисок – кога да се испита?
Корисни линкови:
Јосиф Дамјанов веб-сајт
Јосиф Дамјанов на Facebook
Јосиф Дамјанов на Youtube
Јосиф Дамјанов на Instagram
Фитнес мобилна апликација FitKit
Здрава храна Coach Foods
Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.