Речиси секој се соочува со рехабилитација еднаш или повеќе пати во животот. Причините се обично некакви повреди настанати од претерано или неправилно вежбање, недоволно вежбање или пак неправилна положба на телото при седење.

За соговорник во оваа епизода го имам физиотерапевтот Иван Колачески (@i.kolaceski) кој работи рехабилитација во студио Moves.

Првично зборувавме за тоа како да не се дојде до момент кога треба рехабилитација – опфативме правилно држење на телото при седење т.е. на работа и правилен пристап кон вежбањето (и кај почетниците и кај напредните вежбачи).

Ќе чуеш добри информации за превентива, совети за вежбање и поставување цели во вежбањето, како и за користење суплементи и стероиди.

Ислушај ја епизодата и пиши ни во коментар што најмногу ти остави впечаток или ти беше најкорисно со оглед на тоа во која група на вежбачи припаѓаш.

Интересни моменти:

[05:05] Правилно држење на телото – што е тоа ергономија?

[07:34] „Болест на седење“ – што ако ја имам?

[08:28] Дали ергономско столче ќе ми ги реши проблемите со неправилно држење на телото?

[10:12] Топ 3 совети за правилно држење на телото при седење

[11:30] Bracing sequence – што е тоа?

[13:18] Повреди при вежбање: каде ги има повеќе, кај почетници или професионалци?

[17:04] Најчести причини за повреди кај вежбачите почетници

[19:40] Како да почнам да вежбам ако сум почетник?

[23:04] За фазите во вежбањето – премин од една во друга

[25:15] Неправилно дишење при вежбање

[27:23] Работење од дома – има ли поголемо негативно влијание на држењето на телото?

[29:18] Вежбање од дома наспроти во сала – како да знам што да одберам?

[31:47] Мобилност или флексибилност – што е поважно?

[34:30] За силата и кондицијата

[35:59] Рекреативно вежбање: на што најмногу да се обрне внимание?

[37:29] Корективни вежби – колку често да се вежбаат?

[39:07] Дали е доцна да се почне со вежбање на постари години?

[41:17] Вежбање кај младите за олеснување на депресија и анксиозност

[42:56] Поставување цели во вежбањето

[45:31] Правилен пристап при рехабилитација

[47:22] Како да препознаам погрешна информација во врска со вежбање на социјални медиуми? Како да најдам точни информации?

[52:22] Колку често да одам на масажа?

[53:52] Суплементација и стероиди: препораки на Иван

Корисни линкови:

Иван Колачески на LinkedIn

Јосиф Дамјанов веб-сајт

Јосиф Дамјанов на Facebook

Јосиф Дамјанов на Youtube

Јосиф Дамјанов на Instagram

Фитнес мобилна апликација FitKit

Здрава храна Coach Foods

Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

Podden och tillhörande omslagsbild på den här sidan tillhör Josif Damjanov. Innehållet i podden är skapat av Josif Damjanov och inte av, eller tillsammans med, Poddtoppen.