Нов извештај на Светската Mетеоролошка Oрганизација покажа дека шансите да се соборат светските рекорди за топлина се големи. Новите климатски проекции на Обединетите Hации предвидуваат голема веројатност за позабрзано затоплување до 2030 година, при што Земјата ќе го собори својот рекорд за најжешка година и редовно ќе ја надминува меѓународната климатска граница поставена како безбедна во 2015 година.