Владо Јаневски, еден од најнаградуваните македонски современи писатели, во својот најнов роман со наслов „Изгубени низ дупки во џебовите“ го води читателот на патување во алернативна историја во која Југославија никогаш не престанала да постои, поставувајќи универзални прашања за идентитетот, колективното сеќавање, изборите и човечката природа.
Во овој поткаст на СБС на македонски, со авторот разговараме за тоа како се родила идејата за романот, што се крие зад симболиката на необичниот наслов “, дали романот носи носталгија за минатото или претставува критички поглед кон сегашноста, како и зошто токму алтернативната историја му овозможила да проговори за современиот човек и неговите дилеми.
Владо Јаневски, македонски писател, поет, сликар и автор на стрипови кој живее во Сиднеј, е добитник на бројни книжевни признанија, меѓу кои „Пегаз“, „Стојан Христов“ и „Антев златник“.
Зад себе има богато творештво со романи како „ Made in Jabana“, „Под друга капа“, „Чудо зад аголот“, „Мртвите знаат најдобро“, „Смртта не е крај“ и „Кој го уби Едгар Алан По“.
Неговиот седми роман "Изгубени низ дупки во џебовите“, уште пред објавувањето влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“.